Премиерата на „Изгубени Германци“, новата претстава во МНТ ќе се одржи на 6 февруари. Режијата е на Слободан Унковски кој по пауза од речиси 8 години, работи претстава во Македонскиот народен театар.

Текстот „Изгубени Германци“ е на Дејан Дуковски. Последната драма на Дуковски што се играше пред неколку години во МНТ е „Празен град“, а пред повеќе од една деценија беше и поставката на неговиот текст „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски, чија филмска адаптација наскоро се очекува и во кино по премиерата во Битола. Во меѓувреме неговите претстави се играа во Грција, Јапонија, Германија, Хрватска, Данска, Холандија, Шведска, Бугарија.

Во претставата играт брилијантните: Емил Рубен, Ѕвезда Ангеловска, Камка Тоциновски, Тони Михајловски, Јовица Михајловски, Јордан Симонов, Сања Арсовска и Никола Ристановски.

Црната комедија во која главните ликови се комунист, нацист, хомосексуалец, уметник и стриптизерка, екипат на оваа претстава ја најавува како нов македонски театарски хит.