НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По аферата во Бугарија: Пратениците на потег за времена забрана на увоз на отпад

0
By Нова ТВ on January 20, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарските правосудни органи кои покренаа истрага за софиската фирма на двајцата Македонци, управителот Блаже Игнатовски и содружникот и директор на депонијата „Дрисла“, Горан Ангелов, поради увоз на сомнителен отпад од Италија ја смируваат јавностa во двете земји. Тврдат дека нема опасен отпад во 25-те контејнери кои на 9 октомври пристигнале во Варна, а требало да бидат пренесени на согорување во термоцентралата „Бобов Дол“.

Истрагата, како што било соопштено на денешниот брифинг од окружниот обвинител на Бургас, Георги Чинев покажала дека станува збор за отпад кој се разликувал од декларацијата во царинската документација, објавија бугарските медиуми.

Според документите, во 500-те тони отпад требало да има пластика и гуми, но при проверката, биле откриени уште и железо, хартија и текстил. Во меѓувреме и бугарскиот премиер Бојко Борисов побарал истрагата да земе на анализа примероци од пепел, за да се утврди дали е согоруван опасен отпад во термоцентралата. Аферата во Бугарија деновиве само дополнително ја сензибилизираше македонската јавност која се гуши во загаден воздух, а сомнежите одат во насока дека еден од чинителите за погубното егзистирање во „градските гасни комори“ е и согорувањето на токсичен отпад.

Сопствениците со радост ги пречекаа последните вести од Бугарија. Велат дека се покажало дека не станува збор за опасен отпад, а неусогласената документација ја правдаат со тоа што нагласуваат дека тие не се производители па да знаат што се имало во отпадот. Без оглед какво финале ќе доживее аферата во Бугарија, на која случајно или не и претходеше приведување на бугарскиот министер за животна средина, Нено Димов, поради рестрикција на вода во градот Перник, но и поради увоз на отпад (како што објави Еурактив) тоа очигледно нема да ја намали скепсата кај овдешната јавност дека одредени незаконски активности со отпадот, како голем бизнис на глобално ниво, имаат свое течение и во земјава.

Од Иницијативата „О2“ во целата афера препознаа, како што велат, „иста шема како „Дрисла“ – македонско италијанско партнерство на тема отпад“, алудирајќи на сопственичката структура во фирмата „Блацион“ кој е предмет на истрага од бугарските власти, каде освен Игнатовски и Ангелов свој удел во фирмата која е регистрирана со вкупен влог од 1.000 евра во 2016 година имаат и двајцата Италијанци, Винченцо Трасари и Ецио Боче.

„Италија, Бугарија, Романија, Албанија сметаат дека има голем проблем со трговијата на отпад. Кај нас официјалните институции и претставници не гледаат никаков проблем кога е во прашање трговијата со отпад, а при тоа државата нема ни кадри, ни опрема, ни акредитирана лабораторија, ниту пак доволно обучени и некорумпирани инспектори за да го потврди тоа што го тврди. Дирекцијата, на пример, за истрага против мафијата (DIA) во Италија води голема истрага за трговијата со отпад, координирана од националниот обвинител за борба против мафијата и тероризмот. Причина е склучениот пакт помеѓу трите мафии Камора, Ндрангета и Коза Ностра за контрола на депониите на Балканот и извезување на комуналниот и индустриски отпад од Италија и други земји во нашиот регион. Од овие причини италијанскиот обвинител за борба против мафијата редовно ја посетува нашата земја и другите од регионот кои се таргет на италијанската мафија“, велат од Иницијативата О2.

Факт е дека македонската јавност нема доверба во институциите. Како своевидна појдовна точка за нејзино враќање пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, апелира до пратениците да ги усвојат предлог-измените на законот за управување со отпад, чиј поднесувач е таа и нејзината партиска колешка Маја Морачанин на утрешната собраниската седница. Главната идеја на законот е привремена забрана за увоз на отпад, која би била на сила, како што вели, се додека не зајакнат домашните институционални капацитети, како би се вратила довербата на граѓаните.

„Очекуваме предлог-измените да биде прифатени бидејќи беа прифатени во собраниските комисии. Законот е правен во согласност со Базелската конвенција и тој генерално е в ред. Но проблемот кај нас е што нашите институции очигледно не се во состојба да контролираат што ни се случува во државата во поглед на увозот на отпадот. Ова е привремена мерка, забрана на употреба на отпад како енергенс. Инаку во најголем број земји во светот тоа е дозволено и отпадот се користи како енергенс. Секако, доколку има калориска вредност и доколку не е опасен“, вели Поповска за Нова ТВ.

И таа како голем проблем во моментов го наведува непостоењето на соодветна акредитирана лабораторија за анализа на отпадот. Но, ги нагласува и сомнежите во коруптивната спрега меѓу индустрија, Царина и Државен инспекторат за животна средина.

„Поднесовме два амандмана за обезбедување околу 100.000 евра од буџетот за да се акредитира конечно државната лабораторија. Тоа го прифати министерката за финансии Нина Ангеловска, што е многу важно. Лабораторијата подолг период се опремуваше и кога дојде до моментот за акредитација заглави работата. Како некој да не сакаше да има државна лабораторија. Неопходно е да се создадат услови за државна проверка на отпадот и да се засили проверката на инсталациите во индустриските капацитети каде се врши горење. Нè убедуваат дека станува збор за затворен систем, но очигледно е дека се емитираат штетни материи во воздухот. Јас лично како технолог не верувам во тоа што ни се кажува. Како што се прават манипулации со договорените  мерења кога погоните работат со мал капацитет, се прават и манипулации во однос на тоа што точно претставува опасен отпад. Тој се дефинира како радиоактивен, ваков, онаков. Но, тоа е едната страна на приказната. И оној што е категоризиран како неопасен отпад и тој поседува разни материи кои при висока температура се разградуваат на супстанци кои се штетни по човековото здравје. Ако имате затворен систем кои ги апсорбира или преработува отпадните материи за да не излегува ништо штетно во воздухот тогаш в ред. Но, ние тоа го немаме “, вели Поповска.

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, неодамна изјави дека во Македонија не е возможно легално да се внесе опасен отпад. Тој појасни дека постои Базелска конвенција која содржи повеќе стапки на контрола пред да влезе отпадот во одредена држава.

„Не доаѓа опасен отпад во Македонија. Постои Базелска конвенција. За да тргне еден отпад од европска земја во Македонија, фирмата од таму до нивното министерство доставува барање, акредитирана лабораторија во таа држава го потврдува тоа. Потоа тој конвој проаѓа низ сите земји до Македонија, сите тие проверуваат дали е пополнета базелската конвенција за да помине во земјата. Така да не е возможно по легален пат да биде внесен отпад во државата“, вели Макрадули, кој исто така рече дека граѓаните немаат доверба во институциите и дека тоа мора да се промени.

За ставот на Макрадули, Поповска вели дека тоа „во теорија може е така“, но прашува која е гаранцијата дека во било која земја, поточно во земјата од каде доаѓа отпадот нема корупција.

„Постојано гледаме и читаме за скандали со отпад во Италија, еве сега во Бугарија. Секоја држава треба да се грижи за она што го увезува. Ќе направам само мала аналогија со фармацефтската индустрија. Секоја развиена земја произведува лекови, но за да може да се увезе некој лек секоја држава си прави свои биохемиски анализи, без оглед што можеби станува збор за општо познат лек. Не може стопроцентно да се верува на некој друг“, вели Поповска.

И од Иницијативата „О2“ велат дека Министерството за животна средина нема основа да брани никакви светски пракси ни во цементната ни во друга индустрија, ниту пак да се повикува на намалување на емисиите на јаглерод диоксид како стакленички гас како придобивка од согорување на отпад/увоз на отпад за таа цел, додека во државава не ни функционираат институциите.

„Почнувајќи од нивното Министерство, преку судството, инспекцијата, додека нема стандарди, нема потребни и редовни мерења, анализи, нема транспарентност, нема соодветни казни, а отпадот ни е расфрлан насекаде, со стотици и стотици диви депонии и нема воспоставен систем за управување со отпад, проблемот не може да се реши“, велат од О2.

Конкретно за „Дрисла“ нагласуваат дека нема автоматски мониторинг систем на печката за горење на медицински отпад, иако на тоа се обврзани.

„Барањето за итно воведување на автоматски мониторинг систем и казна за не воведување и за инспекторите кои не поднеле пријава за овој прекршок, беше лично доставено заедно со други барања до заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули уште во септември 2017. Беше доставена и до претставниците на Владата. Никој ништо не направи ни по тоа, ни по другите барања. Важно обвинителството во нивната истрага утврдило дека не биле испуштани отровни или издувни гасови во поголемо количество, без при тоа да има податоци од 24ч автоматски мониторинг кој е обврзувачки, а го нема и без соодветни податоци за диоксините и фураните, тешките метали. Прекршок не нашле. Немањето автоматски 24 часовен мониторинг што е?“, прашуваат од „О2“.

„Дрисла“ од денеска се враќа под капа на Град Скопје, директорот Ангелов ќе биде разрешен утре

„Дрисла“ од денеска, како што најави градоначалникот, Петре Шилегов се враќа во владение на Град Скопје. Централниот регистар ја впиша депонијата дека од приватна сопственост станува повторно јавно претпријатие. Со тоа по девет години депонијата повторно е во сопственост на Град Скопје, откако во времето на ексградоначалникот Коце Трајановски беше дадена под концесија на италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“.

„По две години активна борба успеавме да ја вратиме депонијата во сопственост на Град Скопје. Уште утре директорот Горан Ангелов ќе биде сменет и назначен в. д. директор. Ги повикувам сите надлежни институции да влезат во Дрисла и да го испитаат досегашното работење на концесионерот. Жал ми е што изгубивме 9 години, но јас сум гарант дека во Дрисла ќе бидат воведени најсовремени технологии“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

Градот Скопје, додава тој, не е орган кој на каков било начин е поврзан со увоз на отпад.

„Прашањето е за Царинската управа. Она што јас го имам како информација е дека легално не е внесен отпад во „Дрисла“. За илегален не можам да одговорам, нема таков внес на отпад, но сепак е тоа нешто што сакаме да го провериме“, рече Шилегов.

Горан Андонов Дрисла Петре Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.