Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По апсењата за корупција европратениците сакаат да ги блокираат преговорите за визите на Катар

0
By Соња Крамарска on December 12, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Грчката европратеничка Ева Каили ја има централната улога во корупцискиот скандал во Европскиот парламент, во кој е вмешан и Катар
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европратениците од редовите на зелените и социјалдемократите денеска ќе се спротивстават на почетокот на преговорите за визна либерализација за Катарците во ЕУ, бидејќи Европскиот парламент сака да се истражат сомнежите за корупција во неговите редови во односите со Катар, јави дописникот на МИА.

Европскиот парламент од денес се состанува во Стразбур. Европратениците на оваа сесија требаше да го потврдат отворањето на разговорите меѓу Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ со цел да се финализира текстот за олеснување на визниот режим за патниците од Катар и Кувајт.

Овој текст, кој веќе доби зелено светло од земјите-членки на крајот на јуни, предвидува ослободување од визите за државјаните на Катар и Кувајт кои патуваат во европскиот блок за максимален период од 90 дена, што е предмет на договор за реципроцитет со овие две земји. Но, антикорупциската операција спроведена во петокот од страна на белгиската полиција, која ја уапси Ева Каили, една од потпретседателите на Парламентот под сомнение за земање мито од Катар, сега ја нарушува агендата.

Известувачот за текстот, германскиот европратеник од Зелените, Ерик Маркарт, најави дека на крајот ќе се спротивстави на започнувањето на разговорите. Потоа следеше неговата политичка групација.

„Нулта толеранција за корупција. Зелените ќе се спротивстават на мандатот за почеток на преговори за визна либерализација со Катар во понеделник“, објави копретседавачот на Зелените во Европскиот парламент, Тери Рајнтке на Твитер.

Од своја страна, Групата на социјалдемократите повикува на „запирање на работата за сите досиеја и гласови кои се однесуваат на земјите од Заливот, особено за либерализацијата на визите“.

Меѓу уапсените во петокот, покрај грчката социјалистка Ева Каили, се и нејзиниот асистент Франческо Џорџи, како и поранешниот социјалистички европратеник од 2004 до 2019 година Италијанецот Пјер-Антонио Панцери. Европратениците имаат прашања и за ставот на парламентарците на Групата на социјалдемократите за време на дебатата и гласањето на 24 ноември минатата година за резолуцијата со која се осудуваат кршењата на човековите права во Катар.

Во повеќе дискусии во европарламентот, Ева Каили велеше дека Катар е „предводник во работничките права“ и оцени дека Европејците „немаат морално право да му држат предавања“. Пјер Карлескинд (Обнови, либерали)  праша зошто социјалистите прво гласаа против самиот принцип на резолуција, пред да спречат, во согласност со десницата (ЕПП) и екстремната десница, усвојувањето на неколку амандмани, вклучително и оние кои го осудуваат ставот на ФИФА кон угнетувањето на правата на ЛГБТ.

„Сега се плашам да разберам…“, реагираше во саботата на Твитер овој француски европратеник. „Веќе предупредив во ноември за агресивното лобирање предводено од Катар. Ние добро знаеме зошто“, рече Манон Обри (радикалната левица).

апсење Ева Каили Европски парламент Катар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.