Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По Аргентина, премиера на „Лола“ во Скопје

0
By on May 9, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 9, 2013 13:17

Претставата „Лола“ во режија на Софија Ристевска за прв пат ќе биде изведена во Македонија на 11 мај, во 22 часот во клубот „Џубокс“ во Скопје .

Монодрамата во која младата актерка Македонка Илиевска ја толкува носечката улога, премиерно беше одиграна во јануари, годинава, на фестивалот „Knots“ во градот Сан Педро, Аргентина.

Проектот е продукција на македонскиот независен театар Intimate-Theatre, кој што Ристевска и Илиевска го претставуваа во Аргентина на интернационалниот собир на театарџии, каде што беа единствените учеснички од Македонија.

Покрај премиерата во сабота веќе се закажани уште пет изведби на 12, 13, 14, 15 и 16 мај.

„Лола“ е работена според вистинити приказни, обработени од режисерката Ристевска, а кореографијата е на Кире Миладиноски.

„Иако непишаното правило за една претстава е прво да биде поставена дома па дури потоа да тргне на интернационалните сцени, ние одлучивме нештата да ги превртиме наопаку. „Лола“ за прв пат ја видоа аргентинските гледачи, почнавме во градот Сан Педро, а сега продолжуваме во нашата татковина.
Лола е претстава за гладот и смртта. За либералниот капитализам во кој сè повеќе луѓе се гладни, а сè повеќе корпорации се богати.

Тоа е историја за животот на една жена, која се обидува да преживее во време на економска, политичка и духовна криза. Тоа е приказна за погрешните животни избори и за многуте компромиси што таа жена ги прави, со единствена цел, да не биде гладна.
Тоа е претстава за удобностите што ги носат нелегалните пари и за данокот што потоа го земаат…

Лола е претстава за убиства и секс. Се работи за приказна за преживувањето во општествен систем, каде што се умира од физички и емоционален глад“, вели режисерката Ристевска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.