Кеи Нишикори прекина непријатна низа на АТП турот. Јапонецот по пауза од три години (Мајами 20916 година) и девет загубени мечеви за титула, конечно, успеа до турнирска победа.
Во финалето на машкиот дел на турнирот во Бризбејн, тој славеше над Русинот Данил Медведев со 6:4, 3:6, 6:2. До 12 трофеј во кариерата, Нишикори стигна по два часа и шест минути игра.
Арина Сабаљенка, пак, е победничка на ВТА турнирот во Шенжен. Белорусинката во финалето беше подобра од Алисон Риск од САД со 4:6, 7:6, 6:3 за нејзина трета титула во кариерата.
АТП турнир во Бризбејн
Финале: Нишикори (Јапонија) – Медведев (Русија) 6:4, 3:6, 6:2
ВТА турнир во Шенжен
Финале: Сабаљенка (Белорусија) – Риск (САД) 4:6, 7:6, 6:3