По девет порази во финални мечеви: Нишикори, конечно, освои турнир по три години

Јапонецот во мечот за титула го совлада Русинот Медведев со 6:4, 3:6, 6:2 за 12 АТП титула во кариерата. Белорусинката Сабаљенка со трофејот во Шенжен по триумфот во финалето над Алисон Риск со 4:6, 7:6, 6:3

АТП Мастерс во Лондон: Нишикори му зеде мерка на Федерер

Јапонецот славеше со 7:6, 6:3 за изненадување уште на стартот на турнирот во „О2 арена“. Кевин Андерсон, пак, во премиерата го совлада Доминик Тим со 6:3, 7:6. Понеделник е резервиран за средбите од првото коло во групата „Густаво Кернтен“. Од 15 часот во „О2 арена“ ќе играат Марин Чилиќ и Александар Зверев, во вечерниот термин (21 ч.) ќе се пресметаат Новак Ѓоковиќ и Џон Изнер

Нишикори не се виде: Ѓоковиќ експрес во финале

Вториот светски рекет го совлада јапонскиот тенисер со 6:1, 6:1 и закажа финале со Енди Мареј за утревечер во 19 часот. Од 16.30 часот ќе играат Континен/Пирс против Класен/Рам за трофејот на завршниот турнир во конкуренција на двојки

АТП Мастерс: Чилиќ се одјави од Лондон со триумф над Нишикори

Хрватскиот тенисер го задржа Јапонецот непланирано долго на теренот во „О2 арена“ и на крајот го совлада со 3:6, 6:2, 6:3. Денеска на турнирот полуфинални мечеви - Мареј - Раониќ од 15 часот, Ѓоковиќ - Нишикори во 21 ч.