Published: Saturday, May 18, 2019 09:32
Италијанската полиција, во близина на островот Маретимо, западно од Сицилија, заплени 5.474 килограми хашиш чија вредност се проценува на 50 милиони евра. Дрогата била откриена на 12-метарска едрилица што пловела под турско знаме.
Акцијата е спроведена по дојава од француската полиција, која ги информирала италијанските колеги дека едрилицата испловила од алжирското пристаниште Оран.
Ова е шест брод со дрога што италијанската полиција, од минатото лето, го запленува во Средоземното Море во реонот на Сицилија.




