Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По две години, укината вонредната состојба во Турција

0
By Нова ТВ on July 19, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од ноќеска во 01.00 часот по локално време, официјално е укината вонредната состојба во Турција која беше воведена на 21 јули 2016, веднаш по обидот за воен удар и досега беше просолжувана седум пати на период од три месеци.

Според Уставот, доколку до Собранието не се достави ново барање за продолжување на вонредната состојба се до завршувањето на вонредната состојба, тогаш вонредната состојба автоматски се укинува.

Ердоган ја искористи вонредната состојба за да владее со декрети и издаде над 30 укази.

По неуспешниот државен удар уапсени се над 77.000 лица поради наводни врски Ѓулен, а над 110.000 државни службеници, вклучително и учители, полицајци, научници, гувернери и адвокати, заедно со  4.000 судии и обвинители добија отказ. Исто така, отказ добија и повеќе од 5.705 научници од 119 универзитети,

За време на вонредбата состојба повеќе од 1.500 луѓе, вклучително војници и новинари беа осудени на  доживотен затвор.

Според Репортери без граници, 162 новинари се наоѓаат во затвор, а  десетици медиуми  беа затворени. Според Комитетот за заштита на новинарите, во затвор се наоѓаат 73 новинари.

Во изминатите две години 985 стопански субјекти, вклучително и болници, универзитети и невладини организации, биле или затворени или казнети, а 174 медиуми биле затворени.

За време на вонредната состојба турскиот Уставен суд беше лишен од основната контролна функција и немаше овластувања да се меша во указите на Ердоган, а Владата можеше да забрани печатење и дистрибуција на весници, списанија, брошури, книги и плакати, како и да ограничи или да забрани дистрибуција на аудио или видео материјали, вклучително и за телевизија, радио или филмови.

За пучот Ердоган го обвинува лидерот на движењето ФЕТО, кое Анкара го смета за терористичка организација, свештеникот Фетула Ѓулен кој се наоѓа во САД и кој финансира голем број невладини организации, приватни школи и универзитети.

Во август 2016 Турција побара од САД го испорачаат Ѓулен.

Ѓулен живее во американската сојузна држава Пенсилванија и негира дека има какви било врски со обидот за соборување на Ердоган.

б=вонредна состојба Турција укината
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.