По двегодишна пауза поради пандемијата, Матурската парада денеска повторно се одржува. Присутните матуранти ги поздрави градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, заменик амбасадорот на ЕУ Џулијан Васало и Деканот на универзитетот за туризам и менаџмент Сашко Драматниковски.
На парадата учествуваат речиси сите матуранти од средните училишта во Скопје заедно со нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора.
Организатор на „матурската парада“ е дирекција за култура и уметност на Скопје, во соработка со танцовиот спортски клуб „Ритам плус“.