Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По нападите врз постројката на Арамко: Цената на нафтата се зголеми за 13,8 проценти

0
By Нова ТВ on September 16, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 16, 2019 08:31

На повидок е нова светска, но и економска криза, откако цената на нафта порасна поради ставот за глобалните залихи и растот на тензии на Блискиот исток, по нападот на нафтените постројки во Саудиска Арабија, најголемиот извозник на нафта.

Иран го отфрли обвинувањата од САД дека е одговорен за тие напади и предупреди дека американските бази и носачи на авиони во регионот се на досег на иранските ракети.

Само 24  часа по нападот на нафтените постројки, реагираше берзата-цената на нафтата скокна за 20 отсто, на 72 долари за барел.

Цената на фјучерсите на нафтенатата марка Брент при отворањето на берзата ИСЕ во Лондон се зголеми за 13,86 проценти на 69,91 долари за барел, јавија светските медиуми.

Во првите минути, цената на нафтата достигна плафон од 71,95 долари за барел. Последен пат цената на нафтата беше на ниво од 71 долар во мај 2019 година.

На ова реагираше американскиот претседател Доналд Трамп кој нареди ослободување на нафта од стратешките резерви доколку е потребно, во количина која допрва ќе се утврдува.

Аналитичарите тврдат дека ќе бидат потребни повеќе недели пред нападнатите саудиски капацитети да бидат вратени во претходната состојба, односно да работат со полн капацитет. Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ соопшти дека поради нападот, производството е намалено за 5,7 милиони барели нафта дневно, што е околу половина од вкупното производство на Саудиска Арабија.

-Компанијата Арамко е глобален снабдувач, 10 отсто од глобалното снабдување доаѓа од оваа компанија, и се она што нанесува штета на компанијата, штети и на глобалната економија и на глобалните извори на енергенси, вели Мазен ел Судари од истражувачкиот центар Раџ капитал.

Разузнавачки информации: Иран е одговрен за нападот 

САД објавија снимки од сателит, а цитираа и податоци од разузнавачки агенции кои тврдат дека Иран стои зад нападот врз саудиските нафтени постројки.

Неименувани американски официјални претставници кои комуницираат со американски и меѓународни медиуми, рекле дека насоката и обемот на нападот не укажуваат на тоа дека е можно Хутите да го извршиле нападот.

Неименувани американски официјални претставници разговарале со Њујорк Тајмс, Еј-Би-Си Њуз и Ројтерс.

Еден од нив рекол дека имало 19 точки на удари на целите и оти нападите дошле од запад и северозапад, а не од Јемен, кој е јужно од Саудиска Арабија.

Официјални лица, кои ги цитира Њујорк Тајмс, рекле дека во нападите биле користени комбинации на беспилотни летала и крстосувачки ракети, но сите не ги погодиле целите – постројката за преработка Абкаик и нафтеното поле Хураис.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Абас Мосави денеска изјави дека Иран го поддржува јеменскиот народ кој страда од саудиското бомбардирање, но оти е „ноторна лага“ дека Иран е вмешан во нападите на нафтениот комплекс во Саудиска Арабија.

– Наводите на САД против Иран се неосновани и скандалозни, додаде тој.

Средба Путин-Ердоган-Рохани

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков не ја исклучи можноста претседателот Владимир Путин на средбата со лидерите на Турција и Иран Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани во Анкара да разговара за нападот врз Сауди Арaмко.

– Не се планира посебно, но традиционално размената на мислења се однесува на најрелевантните прашања. Може да се претпостави дека и за тоа прашање ќе стане збор, истакна Песков.

Тројцата лидери денеска ќе се сретнат во Анкара, каде, според најавите, ќе разговараат за ситуацијата во Сирија.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак денеска изјави дека за денеска планира телефонски разговор со саудискиот колега во врска со нападите врз саудиските нафтени објекти.

На прашањето дали Русија и натаму би требала да го намалува увозот на нафта согласно глобалниот договор, Новак рече дека параметрите на тој договор не се намалени.

– Секој треба да ги исполни своите обврски онака како што се договоривме во Абу Даби, оцени рускиот министер.

Тој уште истакна дека во комерцијалните залихи ширум светот има доволно нафта за да се покрие надостигот на снабдување од Саудиска Арабија.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги осуди нападите со дрон на нафтените постојки во Саудиска Арабија и ги повика сите страни да спречат натамошно влошување на ситуацијата. Тој ги повика сите страи да покажат максимална воздржаност, да спречат секаква можност за ескалација и да го почитуваат мешународното хуманитарно право.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.