Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82% во однос на одлуката од 15.07.2022 година.

Со оваа одлука  малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит,
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,859 ден/кг и сега ќе изнесува 50,044 ден/кг, информираат од Регулаторна Комисија.

Со оваа корекција, од ноќва по полноќ, горивата ќе ги имаат следните цени:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 101,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 103,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,044 (денари/килограм)