Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По поразот на судењето, срцето на Амбер Херд е скршено: Ова е пораз за жените

0
By НОВА ТВ Terziova on June 2, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Холивудскиот актер Џони Деп во средата постигна речиси целосна победа во случајот за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд.

Американските медиуми веднаш ја објавија веста што ја чекаа фановите на Деп а и илјадници луѓе ширум светот. Читањето на пресудите и реакцијата на Херд се пренесуваше во живо на социјалните мрежи.

Херд, седнатa во судницата меѓу двајца нејзини адвокати, гледаше надолу додека се читаа пресудите.

-Разочарувањето што го чувствувам денес не е можно да се опише, рече таа во првата изјава откако ја напушти судницата. Срцето ми е скршено дека планината докази не беше доволна за да се спротивставам на непропорционалната моќ и влијание на мојот поранешен сопруг. Уште повеќе сум разочарана од тоа што значи оваа пресуда за другите жени, додаде таа.

„Ова е назадување“.Тажна сум што го изгубив случајот. Но, уште потажна дека очигледно го немам правото што мислев дека го имам како Американка – да зборувам слободно и отворено, додаде Амбер.

Деп се соочи со поинаков исход во Британија пред помалку од две години, кога го тужеше весникот „Сан“ затоа што го нарече „тепач на сопруга“. Високиот суд во Лондон тогаш пресуди дека тој повеќе пати физички ја нападнал Херд.

А во центарот на правниот случај во САД беше текст на Херд објавен во „Вашингтон пост“ во декември 2018 година. Во написот таа не го спомнува Деп по име, но неговиот адвокат им кажа на поротниците дека е јасно дека Херд мислела на него.

Поротата се согласи со сите тврдења на Деп за клевета, кои цитираа пасус од статијата и насловот кој гласи: „Прозборев против сексуалното насилство – и се соочив со гневот на нашата култура. Тоа мора да се промени“.

Поротниците отфрлија две од трите точки на противтужбата на Херд. Тие заклучија дека била клеветена кога тогашниот адвокатот на Деп изјавил за еден медиум дека исценирала материјална штета за да ѝ покаже на полицијата по наводна кавга меѓу нив двајцата.

Амбер Херд Свет судење џони деп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.