Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата објавен конкурс за најдобра песна и специјален час во училиштата

0
By Marija Todorovska on February 19, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 19, 2024 16:23

По повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата, Министерството за образование и наука и поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ објавуваат конкурс за избор на најдобра песна, наменет за учениците од основните и средните училишта.

МОН соопшти дека целта на конкурсот е поттикнување на креативноста и имагинацијата на учениците и популаризација на поезијата како литературна форма и највисок јазичен израз.

Учениците до трето одделение може да се пријават со лично дело на тема – „Мојата песничка – моја слика за шарен и весел свет“. За учениците од четврто до шесто одделение темата е „Збор по збор – песна“, додека учениците од седмо до деветто одделение се натпреваруваат на тема „Да напишеме стих – да создадеме поубав свет”.

Повеќе детали, основците можат да погледнат на линкот: https://mon.gov.mk/content/?id=8516

„Куќа цел свет братски ми е….“ е темата наменета за средношколците, а конкурсот е објавен на линкот https://mon.gov.mk/content/?id=8517

-Темата е стих од песната „Татунчо“ од Кочо Рацин и се однесува на жртвувањето и борбата за поправеден свет наспроти вообичаените очекувања и материјалистички стремежи. Но, пошироко, стихот упатува на една поопшта идеја за космополитизмот и братството меѓу луѓето, наведува МОН.

Министерството за образование и наука и фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ известуваат и дека во сите основни и средни училишта за време на наставата по мајчин јазик во текот на март ќе се организира и еден специјален час посветен на 21 март – Светскиот ден на поезијата, при што учениците ќе бидат запознаени со важноста на денот востановен од УНЕСКО во 1999 година и важноста на поезијата како една од најблагородните и возвишени уметности на пишаниот збор.

-Пред младите ќе бидат презентирани примери од најпознатите светски и домашни поети како и значењето на „Струшките вечери на поезијата“ како еден од најзначајните светски поетски фестивали, а ќе бидат прочитани и стихови од годинашните добитници на „Златниот венец“ и „Мостови на Струга“ –   највисоките признанија кои се доделуваат на овој фестивал, соопшти Министерството за образование и наука. 

21 март конкурс за најдобра песна светски ден на поезијата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.