Одбележувањето на денот на Армијата на С. Македонија ќе почне денеска со две артилериски стрелби попладнево во Скопје.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, во време од 15 ч. до 18 ч. ќе се изврши пробна артилериска стрелба со истрел на еден плотун од шест артилериски орудија (хаубица 105 мм), а во време од 19 ч. до 19:30 ч. ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрел на 10 плотуни од шест артилериски орудија (хаубица 105 мм.)
Артилериската стрелба ќе се изврши од касарната „Илинден“ во Скопје.