Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По пожарот: Опасност од уривање на три елементи од структурата на Нотр Дам

0
By Нова ТВ on April 19, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 19, 2019 08:23

Три дена по пожарот на париската катедрала Нотр Дам, експертите изразија стравување од уривање на три главни елементи на нејзината структура, јавува МИА.

Францускиот министер за култура Франк Ристер денеска изјави дека овие три „точки се многу кревки“, нагласувајќи дека во тек се активности за нивно „отстранување, зајакнување и консолидација“.

Во вторникот, откако пожарникарите успејаа да го изгаснат пожарот, командирот на париската противпожарна бригада, генерал Жан-Клод Гале изјави дека „можеме да сметаме оти структурата на Нотр Дам е спасена и зачувана во целост“. Но, изминативе денови пожарникарите и експертите открија неколку критични точки во структурата на Богородичната црква.

– Остануваат три главни кревки точки во катедралата Нотр Дам, на кои се работи тековно, нагласи Ристер.

Првата од нив се наоѓа во северниот трансепт на катедралата. Триаголниот зглоб од околу петнаесет метри што се издига над фасадата, веќе не е поддржан од рамката на покривот.

– Минатата ноќ беа изведени значајни зафати на горниот дел. Еден вид на потпора со дрвена структура. Постоеше опасност да паѓање, изјави Ристер.

Ако се урне овој елемент од неколку тони, може да повлече со себе голем дел од северната фасада на катедралата и нејзините розети, но исто така и зградите во соседната улица „Клоатр Нотр Дам“, каде се наоѓа седиштето на Париската епархија. Поради ова евакуирани се жителите на заградите на таа улица, на кои се уште не им е дозволено да се вратат дома.

Втора чувствителна точка е западниот фронтон, што се наоѓа меѓу двете камбанарии, зад галеријата на колоната над големите розети. Овој елемент го означува западниот крај на покривот на бродот на црквата. Рамката на која се потпираше повеќе ја нема.

– Тој е многу кревок, особено затоа што статуата на ангелот, што беше над него, е толку изгорена што се стопи врз целата структура, објасни Ристер.

– Денешниот зафат има за цел, преку скеле што ќе се инсталира, да биде задржан и извлечен ангелот, додаде министерот.

Трета проблематична точка е  аголот на јужната камбанарија, чии камења се ронат и постои ризик да се распаднат.

– Ако се распаднат тие би можеле да ја загрозат големата органа, што засега е зачувана, изјави Ристер.

На Нотр Дам постојат уште три „многу проблематични места“ – нестабилниот брод, што се должи на уривањето на централната шилестата кула, местото на вкрстување на трансептите, како и северниот трансепт.

– Сводот се урна на овие три места, но постои реален ризик тој да се урне и на други места, затоа ќе биде поставено скеле, за да се отстранат остатоците кои се на сводот и многу брзо ќе биде покриен. Ако почна да паѓа дожд, ќе има акумулација на вода и таа ќе тежи на сводот, предупреди францускиот министер за култура.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.