Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По реакцијата на дијабетичарите инсулинските аптеки ги добија лентите за мерење на шеќер во крвта

0
By Biljana on March 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Експресно е решен проблемот со недостиг на ленти за дијабетичарите.

Информацијата за НоваТВ ја потврди претседателот на Сојузот на дијабетичари, Диме Велев. Тој вели дека лично се уверил оти дистрибутерот попладнево испорачал  2000 кутии со ленти до инсулинските амбуланти низ земјава.

За проблемот со недостиг на ленти за инсулин до нашата редакција се пожалија пациенти со дијабетес, кои ни рекоа дека подолг период не можеле да добијат ленти заедно со терапијата.

Од Министерството за здравство пак во одговор на нашето прашање признаа дека имало застој во дитрибуцијата на ленти до инсулинските амбуланти.

„Пациентите со дијабет навремено ја добиваат потребната терапија и има доволно количини инсулинска терапија за сите пациенти. Во однос на обезбедувањето ленти, постоеше мал технички застој при транспортот, кој веќе е надминат и од утре непречено продолжува редовната дистрибуција на инсулински ленти“, ни одговорија од Здравство.

Претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Диме Велев, во разговор за НоваТВ најави дека од надлежните ќе побараат нова методологија за набавка на помагала, по примерот на земјите од регионот како Србија и Хрватска.

„Го подготвуваме барањето. Ќе го поднесеме до Владата и до Министерството за здравство. Бараме како и во другите земји во регионот, пациентите да добиваат потврда за помагало, да може секој пациент да си оди во најблиската аптека и да си купи ленти по сопствен избор. Колку ќе покрие државата, толку. Барем да бидеме обезбедени, да знаеме дека сами си бираме“, вели за НоваТВ, Велев.

Инаку, кутивче со ленти за мерење на гликемија во аптеките чини од 600 до 1200 денари зависно од производителот.

(Б.Божиновска)

дијабетес ленти за мерење на шеќер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.