Израел вели дека ќе се придружи на САД во одлуката да го напушти УНЕСКО – пренесува „BBC“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетјанаху ја нарече одлуката на САД „храбра и морална“.
САД го известија официјално УНЕСКО дека се повлекуваат од таа организација на ОН. Ова го изјави денеска генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова.
Според западни медиуми, САД ќе го напуштат УНЕСКО од 31 декември.
Според дипломатски извори, со тој потег САД ќе ја отежнат уште повеќе ситуацијата на организацијата на ОН за култура и образование, на која и прават проблем регионалните ривалства и недостатокот на финансирање.
САД го откажаа својот значителен финансиски придонес во буџетот на УНЕСКО во 2011 година, како протест поради одлуката за обезбедување полноправно членство на Палестинците.




