Австрискиот вицеканцелар и лидер на десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО), Хајнц Кристијан Штрахе поднесе оставка на политичката функција. Неговата одлука доаѓа по видео снимката што се појави преку германските медиуми, а на која се гледа како на наводна ќерка на руски милијардер ` нуди државни работи во замена за финансиска поддршка на неговата партија во јули во 2017 година.
Оставката ја соопшти на прес-конференција во Виена во присуство на членови на Владата од редовите на ФПО, откако се сретна и со австрискиот канцелар Себастијан Курц. Од сите политички функции се повлече и Јохан Гуденус, потпретседател на ФПО и шеф на нејзиниот пратенички тим, кој, исто така, присуствуваше на вечерата пред две години на Ибица.
Австриската јавност синоќа беше погодена од видео снимка на која вицеканцеларот и лидер на ФПО, Хајнц Кристијан Штрахе на наводна ќерка на руски олигарх ` нуди деловни бенефиции во замена за финансиска поддршка. Снимката е направена на 24 јули во 2017 година и на неа се гледа како Штрахе и Гуденус седат и разговараат со наводна ќерка на милијардер од Русија која им тврди дека сака да купи дел од високотиражниот виенски дневен весник „Кронен Цајтунг“.




