Русите и Американците вчера договорија прекин на оган на југот на Сирија што ќе започне во недела, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на маргините на самитот Г20 кој се одржува во Хамбург.
«Денес, во јорданската престолнина Аман, руските, јорданските и американските експерти се договорија да креираат зона на прекин на оган» во провинциите Дераа, Кунетира и Суеида, рече Лавров.
Ќе има прекин на оган помеѓу провладините сили и бунтовниците кои започнува на пладне утре по јорданско време. За почеток безбедноста во оваа зона ќе ја надгледуваат руската воена полиција со соработка со Јордан и САД.
Шефот на американската дипломатија го поздрави овој договор:
«Станува збор за прв показател дека САД и Русија се способни да работат заедно во Сирија», изјави тој.
Вчера во Хамбург лидерите на Русија и САД имаа прва средба која траеше 2 часа и 15 минути и на која стана збор за соработка во Сирија помеѓу двете сили.




