Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман е позитивен на коронавирус, соопшти Министерството. Позитивниот тест за коронавирус, следува неколку дена по неговата посета на Македонија и учеството на Преспа форумот во Охрид.
Во соопштението на МНР се наведува дека Грлиќ-Радман бил тестиран на коронавирус поради појава на благи симптоми и дека тестот бил позитивен, јавуваат загрепските медиуми.
Министерот Грлиќ Радман се чувствува добро, а должностите ќе продолжи да ги извршува од дома, почитувајќи ги упатствата на лекарите и епидемиолозите.
Радман Грлиќ во понеделник требаше да учествува на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската унија во Луксембург.
Хрватскиот министер во петокот со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пристигна во Загреб со турски министерски авион по учеството на Форумот во Преспа во Охрид, јави агенцијата Хина.