Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Побарувачката на готовина индикатор за големината на сивата економија

0
By Mirjana on May 13, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иако има тенденција на намалување, сивата економија и натаму учествува со висок процент во бруто домашниот производ. Досегашните студии покажуваат надолна тенденција на учеството на неформалната економија во БДП каде проценките се движат од 21,3% до 39,5%. Од 2006 година кога сивата економија била 31,6 отсто од БДП, во 2020 што значи за 14 години, таа стигнала до 23,2 проценти во БДП. Преведено во паричен износ, станува збор за околу  250 – 300 милиони евра или производство на добра и услуги во тој износ кои остануваат надвор од видокругот или од  „окото“ на државата.

Сивата Економија во државата најмногу доаѓа од ниско-продуктивните дејности а показ за постоење сива економија е и побарувачката на готовина, доколку има поголема побарувачка на готовина , тогаш тоа е доказ за сива економија, велат од „Фајнанс Тинк“ кои дошле до нов метод за мерење на висината на сивата економија, точно преку побарувачката на готовина. Структурните фактори ги имаат очекуваните ефекти, освен невработеноста чиј коефициент не е статистички значаен. Од друга страна, сметаат од „Фајнанс Тинк“ може да се забележи дека формалната економија позитивно влијае на побарувачката на готовина со тоа и врз сивата економија. Воведувањето на рамен данок и прогресивното намалување на даночниот товар врз платата има значаен ефект врз намалување на потребата на ликвидност , а со тоа врз намалување на неформалната економија. Дополнително, подобриот капацитет за собирање даноци има негативно влијание врз побарувачката на готовина и сивата економија. Конечно воведувањето закон за минимална плата и поддршката за исплата на минимална плата ја намалува побарувачката за готовина и последователно, сивата економија. Сепак зголемувањето на уделот на минималната плата во просечната плата ја зголемува потребата за ликвидност и стимулира неформална економија, велат од „Фајнанс Тинк“. 

Погоре споменатите проценти покажуваат дека Северна Македонија не отскокнува од балканскиот репер за сива економија кој се движи меѓу 20 отсто и 30 отсто од БДП. За разлика од балканските земји, на пример во Хрватска сивата економија учествува со 10 отсто во БДП.

Најголеми намалувања на сивата економија кај нас се забележани при преминот од прогресивен во рамен данок, натаму за време на финансиската криза од 2007-2008 години при воведувањето на минималната плата, велат од „Фајнанс Тинк“ која го изработила истражувањето.

Ако се погледнат факторите кои ја држат во живот сивата економија тоа се: даночната политика, капацитетот на јавната администрација, корупцијата, довербата во институциите, даночната култура на граѓаните односно присуството на низок даночен морал, натаму регулативата, селективноста, самовработувањето.

Според „Фајнанс Тинк“ има два начина да се стимулира борбата со сивата економија, преку јакнење на инспекциските контроли, преку формализација на неформалната економија и преку казните. Од друга страна велат од „Фајнанс Тинк“ државата има изработено Стратегија за борба со сивата економија и за нејзино сузбивање, но она што недостасува и во оваа област е доследната имплементација на законите.

М. Трпческа

анализа побарувачката на готовина индикатор за сивата економија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.