Published: Monday, March 2, 2015 13:11
Владејачката партија Реформа победи на парламентарните избори кои се одржаа вчера во Естонија, соопшти изборната комисија.
Сепак Реформа и социјалдемократите немаат мнозинство, што значи премиерот Тави Роивас ќе треба да најде нови сојузници.
Партијата на Роивас освои 30 од 101 парламентарно место, проруската Центар освои 27, додека социјалдемократите 15 а конзервативната ИРЛ 14 пратенички места.




