Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Победа во јубилеј: Триумф на Федерер во 400. гренслем меч

0
By Нова ТВ on May 31, 2019 СПОРТ
Фото: rolandgarros.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рафаел Надал го загуби само 26. сет во последните 15 години на Ролан Гарос што, сепак, не се одрази на неговиот пласман во осминафиналето на годинашното издание на парискиот гренслем. Шпанецот остана концентриран во третото коло и на крајот го елиминира Даниел Гофан од Белгија со 6:1, 6:3, 4:6, 6:3.

Бранителот на титулата во четвртото коло ќе игра против Хуан Игнасио Лондеро од Аргентина кој, пак, славеше над Французинот Корентин Муте со 2:6, 6:3, 6:4, 5:7, 6:4.

Убедлив триумф во третиот настап во Париз забележа Роџер Федерер. Швајцарскиот ас авторитативно се држеше во мечот со Каспер Руд од Норвешка кој сериозен отпор пружи во последниот сет. Конечни 6:3, 6:1, 7:6 за третиот светски рекет во јубилејниот 400. натпревар на гренслем турнирите.

Дебито го имаше на 25 мај во 1999 година на Отвореното тениско првенство на Франција. Како тинејџер (имаше 17 години) загуби од Патрик Рафтер додека таткото на Руд, Кристијан во тоа издание на турнирот стигна до третото коло.

Најмногу гренслем дуели по Федерер има Серена Вилијамс која во победата во второто коло над Јапонката Каруми Нара го одигра 382. настап на турнирите од големата четворка. Новак Ѓоковиќ е трет на листата со 308 меча.

Ролан Гарос, 3 коло

Мажи

Надал (2., Шпанија) – Гофан (27., Белгија) 6:1, 6:3, 4:6, 6:3

Федерер (3., Швајцарија) – Руд (Норвешка) 6:3, 6:1, 7:6

Нишикори (7., Јапонија) – Ѓере (31., Србија) 6:4, 6:7, 6:3, 4:6, 8:6

Клижан (Словачка) – Пуј (22., Франција) 7:6, 2:6, 6:3, 3:6, 9:7

Жени

Мартиќ (31., Хрватска) – Ка. Плишкова (2., Чешка) 6:3, 6:3

Стивенс (7., САД) – Херцог (Словенија) 6:3, 5:7, 6:4

Мугуруза (19., Шпанија) – Свитолина (9., Украина) 6:3, 6:3

Севастова (12., Летонија) – Мертенс (20., Белгија) 6:7 6:4, 11:9

Киз (14., САД) – Хон (Австралија) 7:5, 5:7, 6:3

Векиќ (23., Хрватска) – Бенчиќ (Швајцарија) 6;4, 6:1

Конта (26., В. Британија) – Кузмова (Словачка) 6:2, 6:1

Цуренко (27., Украина) – Круниќ (Србија) 5:7, 7:5, 11:9

Рафаел надал Ролан Гарос Роџер Федерер тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.