Тенисерот Каспер Руд стана првиот Норвежанец кој обезбеди место на завршниот АТП турнир што ќе се одржи во Торино од 14 до 21 ноември.
Руд обезбеди настап на завршниот турнир на кој традиционално учествуваат осумте најдобри тенисери, по убедливата победа во осминафиналето на Мастерсот во Париз против Американецот Маркос Гирон со 6:2, 6:1.
Руд оваа година освои пет турнири, како и Германецот Александер Зверев и со тоа двајцата тенисери се најуспешни на АТП турнирите во оваа сезона.