Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина 21-годишно момче од Тетово: Десет дена момчето се борело за живот, не реагирало на двата антивирусни лека

0
By НОВА ТВ Balaban on August 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 25, 2021 16:31

Младите да се замислат, за да немаме и други жртви, а настинката и други симптоми што се појавуваат, да знаат дека не се од клима-уредите и дека треба да се тестираат на ковид-19! Ова е вонредна состојба, затоа се и апелите за вакцинација, мора да се внимава, да не се заразат и други луѓе – вели Нуредини.

Трагедија во тетовската болница – утринава од компликации од ковид-19 починало младо момче, на 21-годишна возраст, кое според координаторот на ковид-центарот, д-р Гзим Нуредини, немало други хронични заболувања. Момчето, за жал, според лекарите, не реагирало на двата антивирусни лека кои му биле давани како терапија.

– И кога пред десет дена го донесоа момчето, тоа беше во тешка здравствена состојба. Момчето е од Тетово, а според податоци од анамнезата не стои дека боледувал од некоја болест пропратно. Неофицијално,  се спомнува наводно некој синдром… Трагедијата е што станува збор за младо дете, кое и кога го примивме пред 10ина дена беше во тешка состојба,  со пнеумонија на двете белодробни крила, поради што бевме во  консултација со инфектолозите од Клиниката за инфективни болести во Скопје – вели д-р Нуредини за Нова ТВ.

Тој појаснува дека пациентот заболен од ковид-19  сакале да го транспортираат за Скопје, но тоа го одбиле од семејството.

– Во нашата болница имавме посета постојано од доктори од скопската клиника, а за несреќа, момчето пројави резистенција на двата антивирални лека што му ги дававме и резистенција на секаква терапија. Ние не сме зачудени од тоа, но ова граѓаните мора да го да знаат – дека нема лек од вирусот, останува самиот организам да се справи со болеста… Голем дел од пациентите лесно може да ја поминат болеста, но многумина  може да развијат тешки форми на болеста и тоа многу брзо. Гледаме дека вирусот може да направи беља и кај помлади луѓе… Каде има модификација на имунитетот, одбранбениот систем не може да се бори со вирусот. Момчето последните два дена беше на неинвазивна вентилација, а претходно на кислородна подршка, а лекарите и другиот персонал дадоа се од себе, но еве, за жал, заврши вака трагично – додава д-р Нуредини.

Тој порачува:

– Младите да се замислат, за да немаме и други жртви, а настинката и други симптоми што се појавуваат, да знаат дека не се од клима-уредите и дека треба да се тестираат на ковид-19! Ова е вонредна состојба, мора да се внимава,  да не се заразат и други луѓе, затоа се и апелите за вакцинација – вели Нуредини. 

Во моментов во тетовскиот ковид-центар на болничко лекување се наоѓаат 123 пациенти, од кои осум се вакцинирани само со една доза, а седум  пациенти имаат примено две дози од вакцината против ковид-19.

Љубица Балабан

21-годишно момче почина Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.