Познатиот американски актер и режисер Питер Фонда почина во 80. година од животот. Синот на легендарниот холивудски лик, Хенри Фонда и помлад брат на Џејн Фонда ја загуби битката со ракот на гради во неговиот дом во Лос Анџелес, се наведува во семејното соопштение.
„Тажна сум. Тој беше мој помлад и сакан брат. Последните денови минавме прекрасни моменти. Нè напушти со насмевка на лицето“, наведе Џејн Фонда во соопштението.
Питер Фонда е роден на 23 февруари во 1940 година во Њујорк. Одигра улоги во 125 остварувања, а славата ја стекна по филмовите од 60-те години на минатиот век што му донесоа статус на икона на контракултурата.
Особено се прослави со улогата во филмот „Голи во седло“ од 1969 година по сценарио што го напиша заедно со Денис Хупер и Тери Саутерн за што беше номиниран и за Оскар. За ласкавата награда беше номиниран и за главна машка улога во филмот „Ullee’s Gold“ од 1998 година на режисерот Виктор Нуњез. Оскар не доби, а како утеха доби „Златен глобус“.
Питер Фонда играше и во филмот „Ghost Rider“ во 2007 година. Последната улога ја имаше во филмот „The Last Full Measure“ со Семјуел Л. Џексон и Морган Фримен чија премиера во кино салите во САД е најавена за октомври.




