Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина Благојче, пациент со цистична фиброза, кому Пендаровски пред две години му вети помош за да добие лек

0
By Соња Крамарска on February 8, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 8, 2023 14:15

Благојче Илиевски, кој скоро две години добиваше уверувања дека ќе го добие скапиот лек за цистична фиброза, ја изгуби битката со болеста. Тој беше дел од осумте критични пациенти за кои се бараше лекот итно да им се набави. Со кислородна боца Благојче бараше поддршка и од претседателот на државата, Стево Пендаровски. Но, и покрај сите напори, не дочека да добие терапија со лекот „трикафта“, пренесе Макфакс.

Претседателот на Асоцијацијата за лицата болни од цистична фиброза, Фики Гаспар, за „Макфакс“ вели: „Ние можевме да го превенираме овa“, мислејќи на смртта на Благојче.

„Последните три години беа важни и тешки за Благојче бидејќи состојбата му се влошуваше. Има негова објава кога пред две години беше кај претседателот сè со цел да се побара помош и од некои институции бидејќи од тие што ги баравме, не добивавме решение (Министерството за здравство). Се обративме и до претседателот, бевме примени, тој разговараше со пациентите, беше и Благојче. За жал, остана тоа на ПР и маркетинг, фотографирање со претседателот. Поддршката остана празно ветување“, вели Гаспар.

Тој посочува дека болеста е непредвидлива. Смртта на Благојче била ненадејна за нив.

Со големо жалење можам да кажам дека го изгубивме иако стравувавме најмногу за друга пациентка. Благојче беше упорен. Оваа болест е таква што не можете да предвидите. Изненади многу. Другите седум пациенти се во иста состојба како Благојче. Ова е доказ дека не можете да ја процените болеста и за пациент за кој сте процениле дека има време – нема време. Времето е луксуз“, посочува Гаспар.

Министерот за здравство, Беким Сали, не знае дали ќе се чека нов министер за набавката на скапиот лек за лицата болни од цистична фиброза ниту, пак, дава временска рамка во која лекот би се набавил. Тој посочува само дека треба да се изменат неколку закони за лекот да може да се набави.

 

Благојче Илиевски цистична фиброза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.