Published: Friday, December 9, 2016 09:58
Легендарниот Џон Глен, првиот Американец кој како астронаут ја обиколи орбитата околу Земјата почина синоќа на 95 годишна возраст.
Тој се сметаше за херој на вселенската програма на НАСА и на американската авијација.
-Џон Глен е и секогаш ќе биде вистонски херој на државата Охајо, изјави гувернерот на оваа американска сојузна дрќава Џон Кејсик.
Глен како млад воен пилот го урна рекордот во трансконтинентална брзина на летот, но во историјата ќе остане запишан како првиот Американец кој во 1962 година како астронаут направил полн круг колу Земјата.
36 години потоа, Глен на 77 годишна возраст стана најстариот човек кој учествувал во вселенска мисија. Во 1998 година беше дел од седумчлениот екипаж на шатлот Дискавери.




