Еден од основачите на македонската скулпторска уметност Драган Попоски-Дада почина денес на 88 години.

Попоски-Дада е роден во Прилеп, 1933 година, а Академија за ликовни уметности (1961) и постдипломски студии (1964) завршил во Белград. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Од 1965 година реализирал повеќе самостојни изложби и учествувал на бројни групни претставувања во земјава и во странство. Автор е на повеќе монументални дела и е добитник на повеќе награди, меѓу кои во 1981 година највисоката републичка награда „11 Октомври”.

Неговата последна изложба беше во 2018 во Даут пашин амам.