Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина Фидел Кастро, револуционерната икона и татко на Куба

14
By Нова ТВ on November 26, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 26, 2016 09:46
“Врховниот командант на кубанската револуција почина во 22:29 часот вечерва (03:29 GMT сабота)”, објави на националната телевизија претседателот на Куба, Раул Кастро, не наведувајќи ја причината за смртта.
Фидел Кастро ќе биде кремиран во текот на денешниот ден, според неговата желба, изјави Раул Кастро. На островот ќе биде прогласена неколкудневна национална жалост.
Фидел Кастро владееше со Куба како држава со еднопартиски систем речиси 50 години- пред Раул да ја презеде функцијата во 2008 година.

Роден е на 13 август 1926 (според некои 1927) во Мајари во провинцијата Ориенте.

Во 1950 завршил правни науки на Универзитетот во Хавана. По завршувањето на факултетот Кастро планирал да се кандидира за пратеник во кубанскиот парламент на изборите закажани за 1952, но генералот Фулгенсио Батиста извршил воен удар и ги откажал изборите.

Заедно со група истомисленици на 26 јули 1953 тој извршил напад врз касарната во Монкада. Нападот бил неуспешен и Кастро бил затворен. Во затвор останал до 1955. По напуштањето на затворот Кастро прво отпатувал за САД, а потоа и за Мексико, каде што го организирал револуционерното движење наречено “26 јули”.

Во 1956 заедно со група истомисленици, меѓу кои и Ернесто Че Гевара и брат му Раул Кастро, се истоварува на брегот на Куба и ја поведува борбата против диктатурата на Батиста. Во тоа време неговото движење застапува општи демократски принципи и не се залага за воведување на комунизам. Напротив, тогашната кубанска комунистичка партија не се согласува со начинот на водење на борбата и со целите на движењето на Кастро и го нарекува “ситно-буржоаско”. На почетокот на 1959 силите на Кастро навлегле во Хавана и диктатурата на Батиста била соборена.

На почетокот на своето владеење Кастро не спроведувал радикални општествени реформи. Голем удар на американскиот капитал на Куба бил национализацијата на нафтените рафинерии во 1960, по што САД престанале да купуваат кубански шеќер и вовеле економско ембарго кон Куба.

Притисоците од страна на САД го тераат Кастро да се приближи до СССР. СССР почнал да го купува кубанскиот шеќер, многу важен за целата кубанска економија, но за тоа барале и противуслуги. Меѓу нив беше инсталирањето на советски балистички проектили со долг дострел на Куба, што во 1962 предизвикало тешка криза во односите помеѓу САД и СССР позната како “Кубанска криза”.

Фидел Кастро се повлече од функцијата во јули 2006 година поради здравствени причини, пред формално да му ја предаде власта на својот брат Раул во 2008 година. Тој беше на чело на кубанската држава 47 години.

Смртта на Фидел Кастро доаѓа две години по историскиот договор меѓу САД и Куба за обнова на односите, кои беа замрзнати во текот на кубанската криза во 1962 година, кога светот беше доведен на работ на Нуклеарна војна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.