Published: Saturday, February 29, 2020 12:20
Почина иранскиот пратеник кој беше заразен од коронавирус, пренесува државната новинска агенција. Мохамад Али Рамазани Дастак неодамна беше избран во иранскиот парламент, а позитивниот тест за коронавирус пристигнал пред неколку дена.
Четворица пратеници од иранскиот парламент имаат позитивно тестирање за новиот коронавирус, вклучувајќи го и претставникот за градот Ком, каде првпат беа откриени случаи во Иран.
Бројот на инфекции со коронавирус во Иран за последните 24 часа се зголемил за повеќе од 200 лица, на 593 заболени, а бројот на починатите се искачи на 43.




