Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина Кофи Анан-поранешен генерален секретар на ООН

0
By Нова ТВ on August 18, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот Генерален секретар на ОН, Кофи Анан, почина денеска на 80-годишна возраст по кратко  боледување. Анан беше првиот црномурест Африканец на чело на ОН.

Тој на позицијата Генерален секретар на ОН беше два мандати, од 1997 до 2006 година. Во 2001 година ја доби и Нобеловата награда за мир за хуманитарна работа и залагања, а беше и специјален пратеник на ОН за Сирија, за изнаоѓање на мирно решение за војната.

За негово најголемо достигнување се сметаат Милениумските развојни цели, со кои, за прв пат, се поставија глобални цели по прашањата за борба против сиромаштија и смртноста на децата. Тој беше на чело на ОН во периодот на реформирање на меѓународното тело, но и во периодот на Иранската војна и пандемијата на ХИВ/СИДА во светски рамки.

Анан трпеше и критики за неуспехот на ОН да го спречи геноцидот во Руанда во 90-те години на минатиот век, кога тој беше на чело на мировните операции – сините шлемови – на Организацијата.

Роден во Гана во 1938 година, Кофи Анан беше седми генерален секретар на ОН.

Премиерот Зоран Заев упати телеграма со сочувство до актуелниот Генерален секретар на ОН, Антонио
Гутереш. Во писмото Заев  вели дека најдобар начин да му се оддаде почит на Анан е да продолжи работата “кон подобро организиран и помирен свет”.

“Сакам да потсетам дека големите луѓе, како почитуваниот поранешен Генерален секретар на ОН, Анан, кои го посветиле својот живот на доброто во светот, остануваат да живеат во истиот тој свет преку делата
со коишто придонеле за доброто во него.

За граѓаните на Република Македонија, Кофи Анан ќе остане запаметен како вреден пријател, поради неговиот придонес во демократскиот развој на државата, нејзиното меѓународно етаблирање и неговите заложби за
обезбедување перспективна иднина на нашата држава и нашите граѓани во големото семејство на рамноправни народи и држави во светот. За сето тоа остануваме засекогаш благодарни.

Нека почива во мир.”

Кофи Анан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.