Published: Monday, May 23, 2016 10:30
Легендарниот српски актер Велимир Бата Живоиновиќ почина синоќа во болница во Белград, на 83-годишна возраст, објавија српските медиуми.
Тој неколку години беше во тешка здравствена состојба. Пред 4 години доживеа тежок мозочен удар. Претходно, во 2006 година доживеа и срцев удар, а боледуваше и од гангрена која ја лечеше во Куба.
Живоиновиќ глумеше во огромен број серии и филмови и беше еден од најпознатите актери на Балканот. Филмот „Валтер го брани Сараево“, кој беше голем хит на кинескиот пазар, го гледале преку милијарда гледачи, а тој беше голема ѕвезда во Кина. Живоиновиќ се занимаваше со политика, а во неколку мандати беше и пратеник во Српскиот Парламент.




