Добитникот на Нобеловата награда за мир, кинескиот дисидент Лиу Сјаобо почина по долго боледување, соопштија градските власти на Шангај.
Сјаобо боледуваше од тежок облик на карцином на црн дроб.
Локалните власти во кусото соопштение наведуваат дека не успеале да му го спасат животот.
Кинескиот дисидент и борец за човековите права беше осуден на 11 годишна казна затвор поради противдржавни активности.
Кинеските власти неодамна го ослободија за да се лечи откако му беше дијагностициран карцином, изјави неговиот адвокат.
Поранешниот професор по литература стана познат како лидер на протестот на плоштадот Тјенанмен во 1989 година.
Тогаш беше осуден на 20 месеци затвор, по што во текот на 90 –те години помина три години на „повторно образование“ и повеќе месеци во домашен притовр.
Нобеловата награда за мир ја доби во 2010 година за својата долга и ненасилна борба за основните човекови права во Кина.




