Published: Sunday, March 2, 2014 12:32
Реномираниoт француски режисер Алан Рене, чија филмска кариера траеше повеќе од 60 години, почина на возраст од 91 години.
Неговиот продуцент, Жан-Луј Ливи, потврди дека режисерот починал во Париз во саботата.
Рене беше често поврзан со францускиот Нов бран но исто така ги прифати модернизмот и надреализмот.

Неговиот последен филм, Животот на Рајли – базиран на драмата на Алан Окбурн, имаше премиера на Берлинскиот филмски фестивал во февруари 2014 година.
Во филмографијата, негови дела се култните Хирошима, љубов моја, Минатата година во Мариенбад, Ноќ и магла.





