Феликс Мурињо, татко на менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо и поранешен португалски голман, почина во 80 година од животот. Веста ја објави Виторија Сетубал, клуб за кој играше во кариерата, а подоцна ги извршуваше и функциите тренер и директор. Причините за смртта не се соопштени.
Феликс со Виторија Сетубал го освои Купот на Португалија во 1965 година по триумфот над Бенфика со 3:1 во финалето. За националниот тим настапи само еднаш, во 1972 година.
Жозе Мурињо на својот налог на Инстаграм објави црно-бела фотографија заедно со неговиот татко, но без никаков коментар околу неа.
Погребот на Феликс Мурињо е најавен за утре во Сетубал, град на 70 километри јужно од Лисабон.