Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина наследничката на „Лореал“ – најбогата жена на светот

0
By Нова ТВ on September 22, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 22, 2017 10:36

Најбогатата жена во светот, Лилиен Бетенкур, наследничка на глобалниот козметички гигант „Лореал“, почина во средата во нејзиниот дом во Париз.

Бетeнкур како најголем акционер во компнијата што ја основа нејзиниот татко Јуџин Шулер, „Лореал“, списанието „Форбс“ оваа година ја смести на 14. место. „Форбс“ нејзиното вкупно богатство го процени на 44,3 милијарди долари, што ја прави најбогатата жена во историјата.

Бетенкур поголемиот дел од животот се л држела понастрана од медиумите и ретко давала интервјуа. Нејзиниот татко во 30-тите години на минатиот век ја финансирал насилната фашистичка групација „Ла Кагола“, а по војната на голем број членови на групата им дал засолниште во неговата компанија.

Лилиен во 1950 година се омажила за политичарот Андре Бетенкур, поранешен член на „Ла Кагола“, кој држел неколку министерски места во француската влада во текот на 60-тите и 70- тите, а подоцна работел како директор на „Лореал“.

Таа својот приватен живот го држеше далеку од очите на јавноста, но сепак се најде во центарот на вниманието поради аферата со францускиот писател и фотограф на славните личности, Франсоа-Мари Бание, кој го запознала во 1987 година кога требало да ја фотографира за францускиот магазин „Егоист“.

Во текот на наредните 20 години Бетенкур му давала подароци и услуги во вредност од околу 1,3 милијарда евра: две полиси за осигурување во вредност од 515 милиони евра, 11 уметнички дела вредни 20 милиони евра, а меѓу нив и слики од Пикасо, Матис, Мондријан и друго.

Нејзината ќерка, еден месец по смртта на татко си, во 2007 година покренала обвинение против Бание и го обвинила дека ја искористува психолошката слабост на нејзината мајка за свои цели.

Судењето се развлекувало до 2010 година, бидејќи Лилиен одбивала да помине психолошко тестирање за да се утврди дали е свесна за своите постапки. Тогаш медиумите објавиле снимки направени од нејзиниот батлер Паскал Бонефој, кој снимал разговори со неа, бидејќи се плашел дека боледува од Алцхајмерова болест и дека Бание ја искористил.

Снимките откриле дека Бетенкур во својот тестамент го наведува Бание како единствен наследник на својот имот, освен акциите од „Лореал“ кои веќе биле препишани на нејзината ќерка и на двајца внуци. Лилиен тогаш се смирила со својата ќерка и го избришала Бание од тестаментот.

Семејството во средината на 2011 година покренала судска постапка за на Лилиен да и се додели старател, тврдејќи дека не е во состојба да се грижи за своите потреби и за богатството.

На крајот, судот и го додели богатството на нејзината ќерка, додека нејзиниот внук Жан-Виктор Маерс бил назначен за нејзин личен старател.

Во последните години медиумите ја споменуваа Лилиен како финансиер на конзервативните француски политичари, вклучувајќи го и поранешниот претседател Никола Саркози.

 

Лилиен Бетенкур Лореал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.