Поранешната прва дама на САД Барбара Буш почина на 92 годишна возраст, соопшти канцеларијата на нејзиниот сопруг, поранешниот претседател на САД Џорџ Буш.
Тие беа во брак 73 години, а Барбара Буш беше една од двете први дами на САД која беше мајка на претседател Џорџ Буш помладиот.
Барбара Буш, која беше прва дама од 1989 до 1993, веќе одреден период се соочувала со здравствени проблеми, но одбила натамошни медицински третмани.