Published: Thursday, April 16, 2015 11:39
Станислав Грос, поранешен премиер, и претседател на Чешката социјалдемократска партија почина на 45-годишна возраст.
Грос, за кој во последните години боледувал од амиотрофична латерална склероза беше најмладиот премиер на Чешка, кој на 34-годишна возраст во 2004 година беше назначен на функцијата. Тој поднесе оставка во 2005 година.
По заминувањето од политиката работеше како адвокат.
Неодамна тој јавно и се извини на јавноста за разочарувањето кое го предизвикал со неговата политичка кариера.




