Вечерва во Париз почина поранешниот француки премиер Мишел Рокар.
Овој голем пушач на “Голуаз” без филтер почина на 85 години по долга и интересна политичка кариера која сепак не го доведе на чело на француската држава како претседател како што тој сонуваше.
Но, Рокар беше премиер од 1988 до 1991 година кога претседател беше Франсоа Митеран.
Рокар себе си се нарекуваше “социјал-демократ од дијалог” и беше човек со голем морал кој прв во француската левица го воведе поимот на финансиска дисциплина. Тој сметаше дека државата може да се соочи со тешкотиите на глобалната економија без да се откаже од социјалните придобивки.
Рокар самиот изјави во една прилика дека најомилената функција му била градоначалничката на една мала општина во преградието на Париз која тој ја вршеше до 1977 до 1994 година. Потоа беше министер за земјоделствп пред да стане премиер.
Тој беше противник на војната во Алжир а од 1967 до 1973 година беше на чело на Социјалистичката партија.
При крајот на неговиот живот тој се повеќе се воодушевуваше од екологијата. Поранешниот француски претседател Саркози го именуваше како претседател на конференцијата на експерти на КОП 21 собирот за климата и спречување на глобалното затоплување.




