Published: Tuesday, February 16, 2016 21:05
Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Бутрос Бутрос Гали почина на 93-годишна возраст, објави Советот за безбедност на ОН денеска.
Бутрос Бутрос Гали беше прв човек на светската организација од 1992 до 1996 година, како прв Арап и Африканец на оваа должност.
Неговата должност ја одбележа распадот на Југославија, како и кризите во Руанда и Сомалија.
Бутрос Бутрос Гали, роден во Каиро 1922 година, се смета и за архитектот на египатско- израелскиот мировен договор од 1979 година.




