Published: Monday, May 29, 2017 09:27
На 98-годишна возраст почина поранешниот грчки премиер Константинос Мицотакис, објавија светските медиуми, повикувајќи се на соопштение на семејството.
Според информациите политичарот починал утрово, околу 1 часот.
Мицотакис, кој е роден на 18 октомври 1918 година, речиси 60 години играше активна улога на грчката политичка сцена. Тој од политиката официјално се повлече во 2004 година, кога истече неговиот последен мандат како пратеник.
Тој е татко на Кириакос Мицотакис, актуелен лидер на “Нова демократија”, сега во опозиција. Неговата постара ќерка Дора Бакојани беше министер за култура, министер за надворешни работи и исто така градоначалник на Атина.




