Поранешниот претседател на Јужноафриканската Република (ЈАР), Фредерик Вилем де Клерк почина денеска во својот дом во Кејп Таун на 85 годишна возраст, соопшти фондацијата „ФВ де Клерк“.
Поранешниот претседател на „ФВ Де Клерк“ почина мирно утрово во својот дом во Френеј, по борба со рак на мезотелиом, се вели во соопштението.
Неговиот говор во парламентот во февруари 1990 година го означи крајот на апартхејдот и почетокот на преговорите кои доведоа до уставна демократија, со еднакви права за сите Јужноафриканци.
Реформите ја укинаа забраната за Африканскиот национален конгрес и другите организации кои се бореа против апартхејдот и го одобри ослободувањето на политичките затвореници, вклучувајќи го и Нелсон Мандела. Воведен беше и мораториум на смртната казна.
Во 1993 година, Де Клерк заедно со Мандела ја доби Нобеловата награда за мир.