Published: Friday, September 6, 2019 08:58
На 95-годишна возраст почина Роберт Мугабе, првиот претседател Зимбабве откако оваа африканска земја ја стекна својата независност.
Мугабе почина по долгогодишно боледување, потврди неговото семејство.
Тој беше лидер на движењето за ослободувањето на Зимбабве од владеењето на белото малцинство.
Беше соборен од власта во текот на воен удар, во ноември 2017 година, по три децении неприкосновено владеење, период во кој тој прерасна од омилен херој на ослободувањето на земјата до омразен диктатор.




