Published: Friday, March 18, 2016 15:26
Гидо Вестервеле, германски министер за надворешни работи од 2009 до 2013 година, почина денес од леукемија на 54 годишна возраст.
Вестервеле беше основач на добротворната фондација што го носи неговото име.
Вестервеле беше лидер на либералната партија ФДП и беше шеф на дипломатијата во вториот мандат на Ангела Меркел.
Тој беше првиот шеф на европска дипломатија кој ја призна својата хомосексуалност и не криеше дека живее во маж.
Кога влезе во дипломатија немаше речиси никакво искуство. Првите чекори во владата на овој адвокат беа тешки поради несоголасувањата помеѓу него и Меркел за намалување на даноците и реформите на здравствениот систем во Германија.




