Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина родилка во кумановската болница

0
By Менче Атанасова Точи on June 16, 2016 ПОЛИТИКА
M4034S-4211
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 16, 2016 11:52

Родилката, 37 годишната Слаѓана Демировска од Крива Паланка, починала вчера на пат од кумановската болница до скопските клиники, откако не се разбудила по операцијата со царски рез. Нејзиниот сопруг за НОВА изјави дека вчера кога се породила околу 11 часот тој бил присутен таму, но никој од лекарите не му соопштил дека нешто се случува.

„ Бев вчера околу 11 часот, преку малото прозорче на вратата ми соопштија дена имам син. Околу 17 часот повторно отидов да ги посетам сопругата и синот, ми рекоа дека е пратена во Скопје. Седев и чекав, никој ништо не ми објасни што се случува. По еден час дојде човек не знам дали беше лекар, во цивилна облека, без униформа и ми соопшти дека починала на пат до скопските клиники. Јас, ништо повеќе не знам, не сум ја видел и не знам од што починала, беше здрава, ова и е петто дете, изјави за НОВА Елвис Јусуфов, сопруг на починатата родилка Слаѓана.

Според директорот на кумановската болница Љатифи Ариф, лекарите направиле се што треба и најави дека ќе се изјаснат со официјално соопштение, каде ќе се изјаснат дежурните доктори.

“Според нас, и според лекарите направено е се што треба според протоколите. Дежурните лекари ќе се изјаснат за случајот“, изјави Љатифи за НОВА.

Телото на починатата е однесено на обдукција, а сопругот најавува дека ќе ги тужи лекарите доколку се утврди дека станува збор за лекарска грешка.

Случајот во СВР Куманово е пријавен синоќа околу 20 часот. Смртта, според полицијата, настапила за време на транспортот. За случајот алармираше НРЦ од Куманово, односно изрвшниот директор, Ашмет Елезовски. 

 

 

кумановска болница почина родилка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.