Поранешниот израелски претседател и виден државник, Шимон Перес, почина утринава во Тел Авив, на 93-годишна возраст.
Пред две недели Перес беше примен на одделението за интензивна нега во болницата „Тел ха Шомер“, во Тел Авив, со тежок мозочен удар. Лекарите одлучија пациентот да го стават на апарати за вештачко дишење и во вештачка кома, а вчера тие информираа за драстично влошување на неговата здравствена состојба.
Во текот на кариерата тој беше на речиси сите важни функции во Израел. Беше повеќепати премиер и претседател од 2007. до 2014. година.
Како круна на неговите активностте како политичар кој беше за решавање на израелско- палестинскиот судир, се смета потпишувањето на привремениот мировен договор со Палестинската ослободителна организација во септември 1993 година во Белата куќа, по што следуваше Договорот од Осло.
Во 1994 година ја доби Нобеловата награда за мир заедно со рпемиерот Јицак Рабин и палестинскиот лидер Јасер Арафат токму за улогата во постигнувањето на овој Договор с кој се предвидува независна палестинска држава.
Последните години тој иако беше во длабока старост беше активен реку Пересовиот центар за мир.
Роден е на 2.август 1923 г. како Симон Перески на територија на некогашна Полска, денеска Белоусија. Неговото семејство кога имал 11 години се преселило во тогашната мандатна британска територија Палестина.




