Published: Sunday, January 25, 2015 15:50
Познатиот глумец, сатиричар и пејач од Србија, Павле Минчиќ почина на 84 годишна возраст, пренесува РТС.
Тој во својата богата актерска кариера ги остави некои од улогите во „Тажна недела, Моливот пишува со срце“ и слични. Минчиќ ќе остане запаметен како Пајо во српската детската серија „На буква на буква“.
Добитник е на неколку престижни награди кои се доделуваат во Србија во сферата на културата.
Павле Минчиќ е роден на 16.јуни 1931 година во Белград. Главно работеше во театарот, но се појави и на радио и на телевизија.




