По долга и тешка болест, на 57 годишна возраст почина познатиот српски новинар Дејан Анастасијевиќ. Тој беше уредник на српскиот сервис на Би Би Си, а работеше и за многу домашни и странски медиуми, како Радио Б92, Време, американскиот магазин Тајм и дописник на Танјуг од Брисел.
Анастасијевиќ во Србија и во регионот беше препознатлив по неговите известувања од боиштата во Хрватска, БиХ и Косово поради што тогашниот министер за информирање во владата на народно единство, денес претседател на Србија Александар Вучиќ од собраниската говорница му порача дека „такви нема да толерира“.
Во 1999 година Анастасијевиќ бил приморен да побегне во Виена со семејството, бидејќи му се животот му бил во опасност поради закани.
Во Белград се вратил во 2002 година, кога беше падот на Слободан Милошевиќ и неговото предавање на Трибуналот за воени злосторства во Хаг.
Во октомври 2002 Анастасијевиќ беше првиот српски новинар кој сведочеше против Милошевиќ.
Во април 2007 година прежвеа обид за атентат, кога не неговиот прозорец експлодира бомба, а другата што исто така била поставена, не се активирала.
Анастасијевиќ тогаш рече дека станал мета поради својот општ став и работа, а не дека со некој текст целел кон некоја личност конкретно.
-Ова е напад на професијата и на сите кои мислат слично, оцени тогаш Анастасијевиќ, додавајќи дека„полицијата ова не го сфатила како рутинска, туку дека со целокупното однесување покажала дека ова го доживува како случај од највисо приоритет“.
Неколку години по обидот за атантат во 2010 година, за „Блиц“ изјави дека по неговите текстви за воените злосторства и фактот дека бил сведок пред Трибуналот во Хаг, се сомнева дека зад нападот стои Воислав Шешељ и Јовица Станишиќ.
Во 2018 година тој изрази разочарување што ниту по 10 години и сменети три влади, негвиот случај не е решен.
Анастасијевиќ беше познат по своите текстови за безбендосните сили на Србија, како и по написите за воени злосторства. Неговите извештаи од 1998 година за суровоста над етничките Албанци на Косово беа причина режимот на Милошевиќ да му поднесе кривична пријава за ширење дезинформации и за помагање на терористите.
За аналитичкиот и храбар пристап кон новинарството, Анастасијевиќ е награден со повеќе новинарски награди меѓу кои на НУНС (Независен синдикат на новинарите во Србија)„Душан Богавац“ и „Сташа Маринковиќ“, како и во 2008 година наградата на холандскиот Оксафам Новиб/ПЕН за залагање за човекови права и слобода на изразување.




