Published: Sunday, August 14, 2016 13:31
Почина Тони Ристов долгогодишен портпарол на ДОМ, соопштија денеска од оваа партија.
„Го изгубивме Тони, кој беше долгогодишен портпарол на ДОМ и лицето на македонските зелени. Со него изгубивме топол и искрен човек, но и страсен екологист и борец за правда“, се истакнува во соопштението.
Од ДОМ информираат дека посмртните останки ќе бидат изложени утре од 10 до 11 часот во капелата во Ѓорче Петров.




